fb_img

Испорака до 5 работни денови

Бесплатна достава над 2990 денари

Рок за враќање е 15 работни денови

Услови и правила

Назад во поддршка

Услови и правила

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ



Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови на користење.

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на ТАФ, значи дека сте запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш  Ве молиме да не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

Податоци за компанијата:
Назив: Друштво за трговија на спортска опрема, услуги и инжинеринг СПОРТ М ДОО експорт-импорт Скопје  
Адреса: ул. Јадранска Магистрала бр. 139, Скопје
Контакт телефон: +389 23078 801
Веб страна: www.taf.mk
Email: onlineshop@taf.mk
Шифра на дејност: 47.64 Трговија на мало со спортска опрема во специјализирани продавници
Даночен број: 4030004519907

(во понатамошниот текст „Компанијата“)

Податоци за Офицер за заштита на лични податоци
Име и презиме: Наташа Јовановска
Kонтакт телефон: 071/391-083
Е-маил адреса: natasa.jovanovska@sport-m.com.mk

За користење на услугите на услуги на веб продажба на ТАФ, имајте во предвид дека неопходно е да ги доставите Вашшите лични податоци и истите ќе се обработуваат исклучиво во согласност со правилата предвидени во Политиката за приватност која е достапна на следниов линк. Ве молиме прочитајте ја Политиката за приватност пред да отпочнете со користење на нашите услуги.

Со користење на услугите на веб продажба на ТАФ потврдувате дека сте запознаени и согласни со обработката на Вашите лични податоци согласно правилата во Политиката за приватност.

1. Гаранции и одговорности

Компанијата ја управува страницата http://taf.mk/ од своето седиште на ул. Јадранска Магистрала бр.139, 1000 Скопје. Така, Компанијата гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Северна Македонија. Од друга страна, Компанијата не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Северна Македонија, тоа го правите свесни за последиците и со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, Компанијата не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите и партнерите на Компанијата. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. Компанијата не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа Компанијата не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.

Компанијата нема обврска да ја контролира или прегледува содржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб-сајт. Сепак, Компанијата има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. Компанијата не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашиот веб-сајт, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Република Северна Македонија.

  1. Нарачка на производи

Компанијата не може да гарантира дека нарачаниот производ го има на залиха. Процесирањето на нарачки се врши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Доколку во моментот на процесирање на нарачката нарачаниот производ го нема на залиха, Компанијата се обврзува во рок од 7(седум) работни дена да Ве извести за недостапноста на истиот. Во случај на недостапност на нарачаниот производ, доколку производот е платен со платежна картичка, потребно е да ја наведете Вашата трансакциска сметка за враќање на уплатените средства од страна на Компанијата.

3.  Пријава на недостатоци на производи

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.

Производот има недостатоци кога не ја исполнува општата обврска за безбедност утврдена подолу, односно не обезбедува онаква безбедност каква со право, врз основа на сите околности, лицето очекува да ја има, и тоа: - врз основа на презентирање на производот; - употребата за која е разумно дека производот ќе се користи; - времето кога производот е пуштен во промет и - кога не ја исполнува општата обврска за сообразеност утврдена во Законот за заштита на потрошувачи или договорните обврски.

Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употребата, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употреба на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид: - својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување; - дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи; - презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и - категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот.

Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара: - бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот; - сразмерно намалување на продажната цена; - замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот; - замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена и - раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го врати производот ако недостатокот на производот е минимален.

Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда, a Компанијата е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила. Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Во случај на враќање на средства, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во соодветното Барање испратено по електронски пат.


4.  Користење на системот за електронска трговија

Со самиот пристап на интернет страницата на ТАФ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите за користење на системот за електронска трговија.

Компанијата го задржува правото за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

5. Информации на корисниците на платежни картички

Компанијата ќе ги користи личните податоци во согласност со Политиката за приватност и Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Компанијата не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни. Компанијата ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. 

Компанијата за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со Вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање. При плаќањето со картичка преку интернет, внесот на податоците за картичката се врши на заштитена страница на банката, УНИ Банка АД Скопје, при што Компанијата во ниту еден момент нема пристап до податоците на Вашата платежна картичка. При внесувањето на податоците од платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена(криптирана) форма со употреба на SSL протоколот и PKI системот, во моментов како најсовремена технологија. Сигурноста на податоците при купувањето, го гарантира процесорот на платежните картички, при што комплетниот процес на наплата се извршува на страницата на системот за наплата.

6. Доставување на производ

Овие Услови се однесуваат на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку екстерна куриска служба (Еко Логистик Сервис ДООЕЛ Скопје) на адресата која е наведена во нарачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. Компанијата настојува да обезбеди соодветни фотографии, цени и залиха на производите, но не може да гарантира дека секогаш се без грешка. Прецизноста за овие информации може да ја добиете на телефон 02/3078 801. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или во готово при преземање од курирската служба (Еко Логистик Сервис ДООЕЛ Скопје).

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

7. Правила за поврат на средства по трансакција со платежни картички

Компанијата ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. Исто така, Компанијата ќе изврши рефундирање на средства во случај кога нарачаниот производ е недостапен во моментов или Вие сакате да извршите враќање на производот. За подетални информации Ве молиме погледнете го делот „Враќање и замена на производи и рефундирање на средства“.

8. Промена на Условите на користење

Компанијата го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Условите на користење, вклучително и Политиката за приватност и останатите правила за користење на услугите на веб страницата. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено или пред секое користење на услугите да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови на користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Северна Македонија.

9. Датум на објава на Услови на користење

01.12.2021 година

 

Ви треба помош? Тука сме за вас

Контакт

Полето име е задолжително!
Полето порака е задолжително!

* Полињата означени со ѕвездичка се задолжителни.

Со користење на интернет контакт образецот корисникот на веб страната се согласува The athlete's foot да ги користи собраните лични податоци за корисничките одговори (Име,презме,е-маил и телефонски број кој ги запишал корисникот).

Дознај повеќе